Компанијата на 4 април 1975 година ја основаа Bill Gates и Paul Allen, а од мал софтверски производител за Altair компјутерите и подоцна за IBM-компатибилните PC уреди, од осумдесетите години на минатиот век па сѐ до денес, прерасна во најдоминантната компанија на светот.
Во овој период компанијата изроди три милијардери (од кои Bill Gates е најбогатиот жив човек) и 12.000 милионери, кои работеле во Microsoft.
Денес Microsoft вработува преку 125.000 луѓе ширум светот и е трета највредна компанија на светот – пред неа се само Exxon Mobil и конкурентот Apple, додека Google им е зад петици.
Иако последните години компанијата се соочуваше со разни проблеми на пазарот на софтвери, вклучувајќи го и растот на конкуренцијата, недостатокот на идеи и неможноста за препознавање на пазарните промени, оперативниот систем Windows моментално се наоѓа на 90% од светските компјутери, додека Microsoft Office и понатаму владее со пазарот на продуктивни алатки. Останатите брендови вклучувајќи ги Xbox, Skype, Windows Server, Bing, Windows Phone, Onedrive и други опстојуваат и понатаму на пазарот.
По повод прославата на 40 роденден, Bill Gates на вработените им се обратил со писмо во кое повеќе се фокусира на иднината и плановите за придобивање што повеќе корисници.
{loadposition content9}