Денес сите имаат некаква потреба за web страница, било да се работи за хоби, за компанија или за правење на едноставна а визуелно атрактивна презентација.
Microsoft, исто како и Google, полека ги собира сите свои сервиси на едно место, па така освен што ќе можете онлајн да ги уредувате документите, презентирате или да уредувате табели, компанијата го претстави новиот сервис Sway кој служи за едноставно креирање на web страница.
Сервисот нуди можност за креирање разни ефекти од слики или текст без многу мака, а сѐ што ќе направите во уредувачот ќе биде презентирано на страницата која ќе можат да ја посетуваат други луѓе а оваа метода се вика Wysiwyg. Microsoft овде е итар, па така го користи својот изузетно моќен cloud сервис Azure, со цел да предложи како ќе биде изгледот на страницата и брзо рендерирање на содржината за време додека ја изработувате.
Засега, web страницата како Sway има можност да се креира онлајн, а наскоро ќе пристигнат и апликации за iOS и Android што ќе значи дека ќе има можност за креирање на страницата од секаде. Sway има можност за повлекување на содржини од OneDrive, YouTube, Facebook и Twitter, а сето тоа без да ја напуштите самата апликација.
Моментално Sway е уште една одлична алатка која ќе помогне на многу луѓе ширум светот на многу едноставен и брз начин да креираат своја web страница.
{loadposition content9}