Skip to main content

Миграцијата одлика на современото време

Бројот на емигрантите во светот изнесува повеќе од 214 милиони лица, покажуваат податоците во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за демографските трендови во светот по 2015 година, цитирани од „БТА“.

 |  Голабовски Крсте  | 
imigranti
имигранти

Бројот на емигрантите во светот изнесува повеќе од 214 милиони лица, покажуваат податоците во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за демографските трендови во светот по 2015 година, цитирани од „БТА“.

„Ова огромно прекугранично движење на луѓето претежно се должи на неколку фактори: воени конфликти, сиромаштија, климатски промени, тенденции на трудот“, пренесуваат од организацијата.

имигрантиСе очекува во 2050 година, бројот на емигрантите во светот да биде повеќе од 500 милиони лица, што одговара на прогнозата дека дотогаш бројот на населението ќе биде поголем од девет милијарди лица.

Сепак за овој период се очекува бројот на „еколошки емигранти“ да биде поголем од една милијарда лица, покажуваат податоците на СЗО.

Извештајот на Светската здравствена организација за демографските трендови во светот по 2015 година, забележува дека овој невиден број на емигрантите со различен статус ќе создава проблеми како за земјите со ниско ниво на ресурси, така и во високоразвиените држави.

„Затоа отсега се подготвуваат мерки што треба да го штитат правото на здравје на сите граѓани на планетата: првично медицинско-санитарна помош, основни лекови и пристап до здравствена заштита на емигрантите во соодветната земја  во која живеат, потоа се наметнуваат и прашњата каков вид здравствени услуги ќе бидат достапни за емигрантите во светот и најважно, кој ќе плаќа за овие услуги “, се наведува во извештајот на СЗО.

{loadposition content9}