Skip to main content

Минатата недела забележан е пад на цената на нафтата

На лондонската берза забележан е најголем пад на цената на нафтата

 |  инфодеск  | 

Откако во април цената на нафтата направи скок од повеќе од 20%, во првата недела од мај цената на нафтата на светските берзи забележа значителен пад, а најмногу на лондонската берза.

На лондонската берза цената за барел минатата недела падна за 6%, на 45,37 долари, што е најголем пад од јануари досега, а на американскиот пазар барелот минатата недела поевтини за 3%, на 44,66 долари.

“И понатаму е присутен вишок на понуда во светот, па сеуште постои можност за пад на цената на нафтата. Меѓутоа, пазарот се синхронизира со очекувањата, изјавил Dominick Chirichella, партнер во Energy Menagment Institute.

Поголем пад на цената на нафтата во САД спречи катастрофалниот шумски пожар во покраината Alberta во Канада која е богата со нафтоносни полиња. Податоците на американската влада покажале дека во САД во оваа година производството на нафта е намалено за 410 илјади барели дневно, а од средината на 2015 година за 800 барели дневно.

Овие податоци ја поддржуваат тезата дека е завршен трендот на опаѓање на цената на нафтата кој трае веќе две години. Од 2014 година цените потонаа од околу 100 долари по барел на околу 40 долари.

Поради поголемото производство и намалена побарувачка, на почетокот на февруари цената потона под 30 долари, најниска во последните 12 години, но од тогаш скокна за повеќе од 70% бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката.