Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај браната Ровни, кога минибус падна од карпа кај Ваљево.
Како што дознава Курир.рс, до несреќата дошло кога возачот на минибусот излегол од возилото за да го праша обезбедувањето на браната за преминување на браната Стубо – Ровни.
Најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, па минибусот по стрмна карпа се придвижил и се превртел.
Според сознанијата и последните информации, повредени се дури 17 патници. На извлекување на повредените работеле 6 пожарникари-спасувачи со две противпожарни возила.
На местото на несреќата веднаш пристигнале сите служби за итна помош.