Skip to main content

Шефот на јужнокорејската дипломатија понуди оставка затоа што си ја вработил ќерката

Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Ју Мјанг-хван ја понуди својата оставка по обвинувањата за непотизам во неговиот ресор, откако ја вработил ќерка си во одделот за слободна трговија , пренесува Асошиејтед прес.

 |  Маја Савиќ  | 
Minister
Министер

MinisterМинистерот за надворешни работи на Јужна Кореја Ју Мјанг-хван ја понуди својата оставка по обвинувањата за непотизам во неговиот ресор, откако ја вработил ќерка си во одделот за слободна трговија , пренесува Асошиејтед прес.
Ќерката на Ју, која во министерството работела по договор за дело цели три години пред да даде отказ минатата година, била одбиена заедно со уште седум д4руго апликанти кога редовно се пријавила за тоа работно место во јули годнава. Потоа кон почетокот на оваа недела била примена на истото работно место на обновениот конкурс.
Ју се најде под силен притисок на јавноста поради контроверзното вработување, иако веднаш се извини и ја отстрани ќерка му од работното место.


{loadposition content9}