Skip to main content

Тензии при влегување на новите градоначалниц во српските општини

Мирно на северот на Косово по вчерашните инциденти

Полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ со мнозинско српско население.
 |  инфодеск  | 
kosovo

Повеќе од десетина повредени граѓани, 5 повредени полицајци и 4 оштетени полициски возила е исходот од вчерашните инциденти на северот од Косово.

Утрово е мирно, а полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ со мнозинско српско население. Градоначалниците на овие општини беа избрани на последните вонредни локални избори, на кои поради српскиот бојкот излегоа само 3,4 отсто од граѓаните.

Вчера околу пладне дојде до судири со косовската полиција на лица кои го спречуваа влегувањето на новите претседатели на општините во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток каде што е сместена српската администрација . Во судирот со граѓаните беа употребени солзавец и шок бомби и по краток отпор беше воспоставена контрола над општинските згради од кои беа отстранети српските знамиња и поставени беа косовски знамиња. Полицијата ноќта ги обезбедуваше зградите.

Интервенцијата на Приштина на северот на Косово ја осудија мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен, амбасадорите на САД во Белград и Приштина, комесарот за проширување на Европската унија, ги повикаа косовските власти веднаш да ги прекинат овие акции, пишува Бета.

Последната ескалација на северот на Косово доаѓа неполни три месеци по усното прифаќање на имплементацискиот анекс на европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија од страна на Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид.