Skip to main content

Мировниот процес во Северна Ирска продолжува

Мировниот процес во Северна Ирска нема да запре, и покрај убиството на двајцата британски војници, е оценката на британскиот премиер Гордон Браун.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gordon Braun
Гордон Браун
Мировниот процес во Северна Ирска нема да запре, и покрај убиството на двајцата британски војници, е оценката на британскиот премиер Гордон Браун.

“Она што го видов е единство на народот во Северна Ирска и единство на политичките партии“, рече Браун, кој престојуваше во овој дел на Обединетото кралство.

sredbaБраун ја посети воената база во која изминатиот викенд беа убиени двајца британски војници во напад за кој одговорноста ја презеде групата Вистинска ИРА.

“Испраќаме порака во светот дека политичкиот процес никогаш нема да биде нарушен. Всушност, политичкиот процес сега е неповратен“, изјави британскиот премиер.

 

 

 

{loadposition content9}