Skip to main content

Мистеријата на исчезнатиот Боинг

“Јас сум последната која го виде, беше во пламен”

 |  инфодеск  | 

Katherine Tee (41) од Велика Британија за време на мистериозното исчезнување на малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот, со својот брод пловела во водите на Индонезија. Вели дека е уверена дека тогаш го видела авионот, за кој вели дека бил во пламен, а од него излегувал чад.

“Видов долг авион како сјае со портокалова боја, а зад себе остава трага од црн чад”, го опишала своето искуство Katherine, која наведува дека леталото се движело во правец од север према југ.

Во исто време на небото во нејзиниот видокруг биле уште два авиона, но овој кој го видела бил на половина висина  пониско од другите. Отпрвин мислела дека станува збор за метеор или дека и се привидува, но неодамна ги прегледала податоците од својот GPS, откако ги чула веројатните движења на Боингот, заклучила дека токму таа го видела авионот по кој се трага веќе со месеци.

Својата приказна ја изнела на форумот за јахти и бродови на кои и самата е модератор, а ја повторила приказната и за италијансите медиуми, а се што знаела го изнела и пред JACC, координациското тело во Перт, од каде се води истрагата по исчезнатиот авион. JACC и одговориле дека детално ќе прегледаат се што таа им изнела.

“Здогледав нешто налик на авион во пламен, а тогаш си реков дека можеби сум луда. Ми привлече внимание поради портокаловата боја, а никогаш не сум видела портокалов авион па ме интересираше за што станува збор. Видов уште два авиони како летаат во спротивна насока, но тие имаа вообичаени сигнални светла. Ние помислив да подигам узбуна, замислите каков идиот би била да јавев некому, а да беше грешка”, раскажува Tee.

Авионот исчезна на 8 март, а истрагата се концентрираше на јужниот дел од Индискиот океан. Сепак најинтензивниот дел од истрагата е завршен со оглед на тоа дека е мала веројатноста некои делови од авионот сеуште да плутаат во водите, а и батериите од црните кутии со сигурност се потрошени до сега.

{loadposition content9}