Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху за воените злосторства во Газа и за лидерот на Хамас
Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри.
Налозите за апсења на Нетанјаху и Галант се за извршени злосторства против човештвото и воени злосторства од најмалку 8 октомври 2023 година до најмалку 20 мај 2024 година, денот кога Обвинителството ги поднесе барањата за налози за апсење, се вели во соопштението од МКС. Истрагата на Меѓународниот кривичен суд опфаќа наводи кои датираат од војната во Газа во 2014 година, како и израелската изградба на еврејски населби на окупираната територија што Палестинците ја сакаат за нивната идна држава.
Ова ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за да му се стави крај на 13-месечниот конфликт. Но, неговите практични импликации би можеле да бидат ограничени бидејќи Израел и неговиот главен сојузник, Соединетите Држави, не се членови на судот, а неколку претставници на Хамас потоа беа убиени во конфликтот.