Во стан во Земун пронајдено е мртво тело на 27-годишна жена. Хорор сцени ги разбудија нејзините соседи.
Како што пишуваат српските медиуми, полицијата ја пронашла мртва со тешки повреди на главата, а имала и завои преку устата.
Станува збор за семејно насилство кое завршило со убиство и приведување на осомничениот – сопругот 33-годишен – соопштиле од полицијата.
Повеќе детали за случајот засега не се откриваат.