Мобилна револуција
Што припрема Самсунг?
Патентот на Самсунг открива дека оваа компанија работи на мобилен уред кој ќе може да се користи како класичен таблет кој ќе може да се преклопи и да се користи како смартфон.
Многу корисници не се сигурни дали парите да ги вложат во топ моделите на смартфон како iPhone, GalaxyS, HTC One, XperiaZ и слично или повеќе им се исплати да купат ефтин телефон и поскап таблет со поголем екран. Asus се обиде да го реши овој проблем со Падфон моделите – смартфон кој се вметнува во таблет, и потоа на голем 10 инчен екран се гледа содржината на смартфонот, а повеќето компании понудија хибридни уреди, односно Фаблети кои го даваат најдоброто од двата уреди. Овие мобилни уреди доаѓаат со голем дисплеј од 5,5 инчи кои и понатаму можат да се носат по џебовите,но Самсунг бара ново решение и тоа 2 во еден уред кој на корисниците ќе им донесе ново искуство. Уредот би се користел како класичен телефон со екран од 4,5 – 5 инчи, но би имал и додатни два екрани кои ќе се отвараат како паричник, и кога ќе се рашират би можеле да се користат како еден голем екран .
На страницата Патент болт се појавија фотографии на Самсунговиот патент на овој уред, каде се гледа дека кога ќе се отворат двата додатни екрани се добива еден од 8-9 инчи. На овој начин корисниците би можеле да го користат како класичен смартфон, а кога ќе имаат потреба од поголем екран само ќе ги отворат двата додатни екрани и се добива таблет со голем екран. Некои новинари веруваат дека овој патент е поврзан со неодамнешните откритија поврзани со графенот, изнимно издржлив и тенок материјал кој во иднина би можел да се користи во бројни уреди.
{loadposition content9}


