Skip to main content

Напад во метро

Момче со нож избоде десетмина во воз во Токио

Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот, јави АП, повикувајќи се на полициски извори.
 |  Маја Савиќ  | 
инцидент напад Токио
Момче со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори.Тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко, објави Јавната телевизија Ен-ха-ка.Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот.Мотивот за нападот сеуште не е познат.Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија социјалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот.Инаку, ова е втор напад во воз за само неколку месеци во Токио. Во август, на последниот ден од церемонијата за затворање на олимписките игри, 36-годишен маж избоде 10 патници во воз. Подоцна полицијата соопшти дека сакал да нападне жени кои изгледале среќно, наведува АП.Видео од нападот погледнете тука