Американската морнарица го тестираше топот на Никола Тесла
Американската морнарица развива електромагнетен топ способен да испука проектили на одалеченост од 50 до 100 наутички милји со брзина 7 пати поголема од брзината на звукот.
Американската морнарица развива електромагнетен топ способен да испука проектили на одалеченост од 50 до 100 наутички милји со брзина 7 пати поголема од брзината на звукот.
Исфрлената муниција од 12 метарскиот топ се движи со брзина и до 9.010 км на час, што е седум пати побрзо од звукот. Желбата на американската морнарица е топот да исфрлува до 10 парчиња муниција во една минута, односно на секои шест секунди! Проектилот кој го исфрлува е тежок 18 килограми и потребно е да се испита дали можат проектилите и вградениот систем за сателитско следење да го поднесат таквото исфрлување. Заради огромната моќ на оружјето, можеби нема да биде потребно супер-топот да испалува проектили со боеви глави.
Медиумите потсетуваат за истражувањата на Никола Тесла, за кои се верува дека се крјат тајните за моќта на електромагнетни оружја, а исчезнале набргу по неговата смрт, и дека Американците на основа на тие истражувања го развиваат оружјето кое е тестирано . Оружјето на 21-от век, како што го нарекуваат руските експерти, се тестираат неколку години, и американските експерти во областа на одбраната се задоволни со конечните тестови.
Овој супер-топ е во развој од 2005 година и ја чинеше досега Американската морнарица 240 милиони долари. Слични средства се предвидуваат да бидат потрошени за истиот се до 2017 година кога се очекува оружјето да биде готово.