Владимир Путин во годишното обраќање до граѓаните како да не го вознемирува тоа што од него го бара нацијата а тоа е решение за ослабената економија, која по оценка на експертите јури кон рецесија. Наместо одговор, 62-годишниот екс агент на КГБ кој се наоѓа на чело на најголемата држава на светот, вети амнестија за повратниот офшор капитал и повика на акција чија суштина е “купувајте домашно” за да се поттикне економијата. Од друга страна пак падот на цената на нафтата го урниса буџетот, а компаниите се мачат да дојдат до долар за враќање на странските кредити.
Сето тоа, меѓутоа, не ја подобрува состојбата в стопанството. Рубљата е на историски минимум во однос на доларот и нејзината вредност е најниска од 1998 година, кога Русија, по падот на цената на нафтата ја ослабна рубљата до ниво да не може да ги отплатува долговите кои пораснаа на 140 милијарди долари и објави стечај.
Тимоти Еш, аналитичар на Стандард банката, вели дека во говорот на Путин не видел никакви нови идеи кои би помогнале во економијата.
Сергеј Алексашенко, некогашен помошник гувернер на Централната банка, е фрустиран со тоа што Путин не се втурнува во борба со економските проблеми: “Ништо не рече, ниту нешто можеме да очекуваме. Сѐ ќе продолжи по старо. И тоа му одговара”.
Дмитриј Тренин од московскиот “Карнеги центар” вели дека Русија мора да се припреми за многу тежок период во наредните 4-5 години во кои влоговите ќе бидат многу големи.
Аналитичарите веруваат дека Путин ќе продолжи да сее националистички чувства и непријателство спрема западот, за да ги маскира економските проблеми.
Популарноста на Путин сеуште е голема, а рускиот претседател сеуште не се соочил со масовни протести предизвикани од еконмскиот пад.
Стрмоглавиот пад на рубљата, во последните три месеци, предизвикан е со падот на цената на нафтата и со санкциите против Русија поради кризата во Украина, меѓутоа, ова го означува крајот на периодот во неговото 15-годишно владеење кое го круниса со стабилност на националната валута.
Аналитичарите потсетуваат и дека успонот на Путин почна непосредно пред финансискиот слом на земјата, како и тоа дека популарноста се должи токму на тоа дека луѓето ги потсетува дека со него дошла и стабилноста после хаосот со хиперинфлацијата во 90-тите на минатиот век.
{loadposition content9}