Париската градска управа почнува во понеделник со отстранување на стотици катинари на љубовта кои беа поставувани на мостот на уметноста (Pont des arts), кој минатата година попушти под теретот, јавуваат агенциите.
Мостот на уметноста на реката Сена во светот е познат по своите катинари на љубовта кои вљубените ги оставаа на оградата а потоа клучот го фрлаа во реката.
Но, минатата година дел од оградата се сруши под теретот на големата количина метал на неа, при што за среќа не настрада никој.
Париската градска управа донесе одлука да ги отстрани катинарите кои го “уништуваат” споменикот на културата и се “опасни за сигурноста на посетителите”.
“Ќе отстраниме околу еден милион катинари, вкупно тешки 45 тони”, рекол Bruno Julliard, првиот заменик на градоначалничката Anne Hidalgo.