Можен е нов оружен конфликт на Блискиот Исток
Можен е нов оружен конфликт на Блискиот Исток, изјави израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во интервју за еден московскиот весник.
| Крсте Голабовски | Свет
Ехуд Барак
Можен е нов оружен конфликт на Блискиот Исток, изјави израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во интервју за еден московскиот весник.
„Сакам да ги смирам оние кои се сомневаат во нашите сили – Израел е најмоќната држава на Блискиот Исток“, додаде Барак.
Тој истакна дека целта на секоја израелска Влада е да спречи нова војна.
„Доколку се случи тоа ќе треба да победуваме брзо, со тоа што ќе дејствуваме на територијата на противникот“, смета израелскиот министер за одбрана.
На прашањето за следниот конфликт во регионот, тој објасни дека Иран е предизвик за целата светска јавност.
„Можеби постои шанса проблемот со иранската нуклеарна програма да се реши по дипломатски пат, но за целта се потребни построги санкции против Техеран. Проблемот треба да биде решен поскоро. Иранските центрифуги за збогатување на ураниум не можат да бидат запрени само со приказни“, истакна Барак.
Тој оцени дека иранскиот проблем не може да биде решен без учество на Русија.
„За да се решат денешните проблеми потребни се заеднички напори на сите држави. Отсекогаш сум им зборувал на луѓето од денешната администрација на САД, но и на европските лидери, дека би требало да ги отстранат сомневањата поврзани со Москва и да ја гледаат како адекватен партнер. Не треба да се настојува Русија да го смени ставот за Иран, а истовремено да поставуваш систем за противракетна одбрана во близина на руските граници“, коментира Барак за весникот „Времја новостеи“.

{loadposition content9}