Светската здравствена организација побарала забрана за продажба на електронските цигари на малолетници и нивна употреба во затворени простории.
Во долго очекуваната препорака за е-цигарите за која ќе се расправа на конференција во Москва, во декември, WHO бара да им се забрани на производителите да се рекламираат со здравствени пораки, како онаа дека е-циарите помагаат во одвикнување од пушење, сѐ додека не се докаже тоа научно или додека регулаторните тела не го потврдат тоа.
Продажбата треба да се забрани на малолетници, а на пакувањата треба да има натпис кој ќе покажува предупредување за штетност, за младите и децата. По WHO “постојат доволно докази дека треба да се предупредат децата, тинејџерите и трудниците за штетноста на е-цигарите бидејќи тие содржат никотински инхалатори а изложеноста на никотин има долгорочни последици за развојот на мозокот”.
Забраната за употреба во затворени простории треба да биде на снага, порачува WHO, додека не се докаже дека никотинските испарувања не му штетат на никого. WHO вели дека правилата за е-цигарите треба да ја минимизираат содржината и емисијата на токсините, а варијантите со овошни вкусови или вкусови на колачи или алкохол треба да се забранат. Автоматите за продажба исто така треба да се отстранат, смета WHO.
Научниците се поделени околу можниот ризик за користење на е-цигарата, кои воглавно се сметаат за помалку штетни од конвенционалните цигари.
Големите тутунски компании како ImperialTobacco, Altria group,Philip Moriс, и BritishAmericanTobacco, на пазарот сѐ повеќе пласираат сопствени брендови на е-цигари. Аналитичарите на WellsFargo во јули предвиделе дека во САД продажбата на е-цигари ќе ја надмине продажбата на конвенционалните до 2020 година. Употребата на е-цигарата, во кои со помошна батерии го стимулира пушењето со испарувањето на никотинска течност, доживеа бум во последните две години и аналитичарите сметаат дека во 2013 година продажбата во светот достигна три милијарди долари.
{loadposition content9}