Можни санкции против Северна Кореја
САД и другите земји членки на Советот за безбедност на ОН почнуваат да разгледуваат предлози за затегнување на меѓународните санкции против Северна Кореја.
– Ние работиме во ОН заедно со другите колеги од Советот за безбедност за тоа какви треба да бидат последиците. Разгледуваме различни можни одговори за дејствата на Пјонгјанг, вклучувајќи и можни санкции, истакна Кели.
Петте постојани членки на Советот за безбедност заедно со Јапонија и Јужна Кореја веќе составиле список со можни мерки. Според високи дипломатски извори, списокот вклучува зголемено оружено ембарго врз Пјонгјанг и ограничување на финансиските и банкарските операции.
Списокот им бил испратен на владите на седумте држави. Нивните постојони претставници во ОН денеска попладне по локално време ќе се сретнат во Њујорк за да ги слушнат реакциите од предлозите.
Медиумите јавуваат дека постојаните членки на Советот – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, едногласно се изјасниле за потребата од зајакнување на санкциите против Северна Кореја.
{loadposition content9}