Двајца од тројца осомничени за нападот на редакцијата на магазинот Charlie Hebdo во Париз, за кои се верува дека убија 12 лица во тој напад, минатото лето се вратиле од војната во Сирија, пренесуваат американски медиуми. Браќата ги издал еден детал – на постариот му испаднала личната карта.
Cherif и Said Kouachi спрема пишувањето на USA Today во летото 2014 се вратиле од Сирија во Франција, но наведениот медиум не го навел изворот на информацијата, пренесува CNN. Во исто време Франција моментално спроведува голема акција по браќата Kouachi, чии фотографии ги објави и ги прогласи за опасни и вооружени.
Еден од браќата веќе ѝ бил познат на властите во САД, рекол еден полициски функционер за CNN. Иако многу од деталите не се познати сепак има сознанија кои се понати за тројцата осомничени за нападот во Париз.
Помалдиот од браќата (32) поминал три години во затвор, поради учество во прстенот на џихадистички регрути, кои ги праќаат борците да се придружат во борбите во Ирак. Уапсен е во јануари 2005 година на 22 години, кога тој и еден друг маж требале да тргнат во Ирак, каде би се приклучиле во борбите против САД и коалицијата. На судењето Cherif Kouachi е опишан како момче кое подлегнало на влијанието на муслиманскиот проповедник Farid Benyettou во џамијата Addawa. Неговите тренинзи се состоеле од трчање по паркот Buttes-Chaumont во Париз и основи за ракување со јуришната пушка АК-47 во истата џамија.
Kouachi заедно со Benyettou и уште петмина се осудени на затворска казна во 2008 година. Сепак Kouachi казната не ја отслужил во затвор бидејќи половина била условна, а во притворот поминал доволно време за да не го отслужи остатокот.
За две години постариот брат Said (34) се знае многу помалку и француските власти немаат големо досие за него. Станува збор за француски државјанин. Личната карта на Said е пронајдена во автомобилот со кои избегале од местото на нападот, откако ги убија сите кои им се нашле на патот до редакцијата на Charlie Hebdo.
“Тоа им е единствената грешка”, рекол Dominique Rizet, полицијски и правосуден консултант.
The Liberation известил дека двајцата браќа за време на апсењето на помладиот, живееле во Париз заедно со Француз кој се преобратил кон исламот.
Третиот напаѓач е Hamyd Mourad и ова 18 годишно момче само се предало на полицијата откако приметил дека името му се појавило на социјалните мрежи, пренесува AFP.
Mourad е матурант и оди во средното училиште во градот Charleville на североистокот на Франција. Полицијата го уапсила и го испрашува.
{loadposition content9}