Skip to main content

Мртов ли е или не?

Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов.

 |  Голабовски Крсте  | 
Hugo Chavez
Хуго Чавез

Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов.

Тој тврди дека Чавез земјата ја води од болнички кревет и дека покрај проблемите со дишењето, може да издава наредби и да комуницира.

„Има тим на луѓе кои апсолутно му се подредени и тој им издава наредби“, рече Мадуро.

Hugo ChavezМадуро рече дека Чавез одржал петчасовен состанок со своите соработници со кои комуницирал пишувајќи им.

Инаку некои латино-американски медиуми ја пренесоа изјавата на Џулермо Кочез, поранешен амбасадор на Панама во Организацијата на американските држави, кој тврдеше дека претседателот на Венецуела Хуго Чавез е клинички мртов два месеци. Тој тврди дека смртта на претседателот на Венецуела службено била прогласена пред четири дена, кога ќерките на Чавез од докторите побарале да го исклучат од апаратите.

{loadposition content9}