“Нашите мачки имаат иста вредност како и нашата збирка”, тврди Ирина Поповец, задолжена за четата мачки во Ермитаж која брои 70 члена, а живее во подрумите на некогашната царска палата.
Десетици мачки веќе неколку векови живеат во подрумите на музејот Ермитаж чувајќи го богатството на најголемиот уметнички музеј на Русија од посетата на глодари.
Историјата на мачките во Ермитаж датира од 1745 година кога царицата Елизабета I, ќерка на Петар Велики, со указ наредила да се пронајдат најдобрите мачки, најголемите, спремни да ловат глувци и да се донесат на дворот на нејзиното височество.
Во време на Катарина II, мачките, кои тогаш се нарекувале мачки на Зимскиот дворец, биле официјални станари. Но тие сосем исчезнале за време на нападите на Ленинград од август 1941 до февруари 1944 кога изгладнетите жители опкружени од германската војска биле принудени да ги изедат сите домашни животни во градот.
Спрема легендата, популацијата на мачки е обновена по завршувањето на војната кога во градот биле донесени еден полн воз мачки собрани помалку од цела Русија.
Но, мачките во Ермитаж во 1960 година до толку се размножиле што управата одлучила да ги отстрани, а неколку години подоцна, кога нивното место го завземале стаорци морале повторно да побараат помош од нив.
Мачјата стража нема пристап до сите 1000 соби во музејот во кои се изложени повеќе од 60.000 уметнички дела, но управата стои зад тоа дека присутноста е доволна глодарите да стојат понастрана од уметничките дела.
Иако невидливи, мачките од Ермитраж добро се познати на туристите кои музејот го посетуваат во бројка поголема од 3 милиони годишно и затоа дуќаните во музејот нудат магнети, нотеси и разгледници со ликови од мачки, а еднаш годишно музејот приредува свечаност на мачките кои имаат и своја интернет страница со чија помош жителите на Санкт Петерсбург можат да посвојат мачка од поранешниот царски град.