Skip to main content

Светска здравствена организација

На повидок крај на пандемијата со коронавирусот

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус вели дека на повидок е крај на пандемијата со коронавирус.
 |  инфодеск  | 
Тедрос Аданом

„Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, која уби милиони луѓе од крајот на 2019 година“, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.

Минатата недела неделниот број на смртни случаи од Ковид-19 падна на најниско ниво од март 2020 година. Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата. Некој што трча маратон не застанува кога ќе ја види целта, тој трча побргу со сета енергија што му останува. Така и ние – рече шефот на СЗО.

Тој порача дека сите ја гледаат целта и дека се на пат да победат, но сега ќе биде најлошиот момент да се запре.

„Ако не ја искористиме оваа шанса, ризикуваме да имаме повеќе видови, повеќе смртни случаи, повеќе нарушувања и повеќе неизвесност“, предупреди тој и повика „да ја искористиме сегашната можност“.

Според последниот епидемиолошки извештај на СЗО, бројот на заразени се намалил 12 отсто во текот на неделата од 29 август до 4 септември во однос на претходната недела, на околу 4,2 милиони новозаразени.

Бројот на инфекции е несомнено многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени и затоа што многу земји имаат затворени капацитети за тестирање.

Од 4 септември СЗО регистрира повеќе од 600 милиони официјално потврдени случаи на пандемијата, што е веројатно многу помало од реалниот број, како и од официјално пријавениот број на смртни случаи од 6,4 милиони во светот.