Над 120 китови угинаа во Нов Зеланд
Над 120 китови угинаа, исфрлувајќи се на брегот изминатиот викенд на две места во Нов Зеланд, но еколозите успеаја да спасат 43 од животните, враќајќи ги при плима обратно во морето.
| Голабовски Крсте | Свет
китови
Над 120 китови угинаа, исфрлувајќи се на брегот изминатиот викенд на две места во Нов Зеланд, но еколозите успеаја да спасат 43 од животните, враќајќи ги при плима обратно во морето.
Стотици доброволци се вклучија во акцијата. Тие ги прекриваа китовите со мокри чаршафи, за да ја одржат влажна нивната кожа, додека правеа обиди да ги вратат во водата.
Во текот на летото по бреговите на Нов Зеланд често се случува да излезат китови. Научниците се уште не можат да ги објаснат причините за тие т.н. „колективни самоубиства“.
{loadposition content9}