Skip to main content

“Надоаѓа голема војна!”

“Загубите ќе се бројат во десетици илјади мртви”

 |  инфодеск  | 

Украина е соочена со голема војна со Русија која ќе однесе десетици илјади животи, изјавил во понеделникот украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј. “во нашата куќа дојде голема војна. Во таа војна загубите нема да се бројат во стотици туку во илјадници па дури и неколку десетици илјади мртви”, напишал министерот на својот Facebook профил. “Мораме итно да организираме одбрана против Русија, која се обидува, не само да ги завземе позициите на окупираните територии, туку ќе покрене офанзива и на други подрачја во Украина”, додал тој.

НАТО ќе ја засили својата положба во источно европските членки така што ќе распореди свои сили на тие подрачја за да може брзо да реагира на секоја закана, изјавил во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен.

“НАТО жали поради фактот дека Русија ги смета за противник а не за партнер и затоа ние мора да се прилагодиме на таа ситуација”, изјавил Расмунсен на прес конференција за новинари во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО рекол дека самитот , кој оваа недела ќе се одржи во Велс, ќе биде клучен самит во историјата на НАТО. “На самитот ќе се донесе акциски план за приправност (RAP), кој НАТО ќе го направи поагилен од било кога”, додал Расмунсен.  Тој рекол и дека RAP е одговор на агресивното однесување на Русија, но и дека ќе му овозможи на сојузот одговори на безбедносните предизвици било каде и да се појават.

Расмунсен изразил и очекувања дека челниците на земјите членки ќе се обврзат на зголемување на вложувањата во одбраната, како би можела да се подели одговорноста за колективна одбрана, како што се дели и користа од неа.

Самитот на НАТО е во четврток во Велс.

{loadposition content9}