Надворешниот долг на Грција ги тресе светските берзи
Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција.
Во санирањето на тешката финансиска состојба на Грција треба да интервенира Меѓународниот монетарен фонд, а не Европската унија, „пред грчката драма да се претвори во криза“, пишува „Фајненшл тајмс“.
Реакцијата на лондонскиот весник доаѓа веднаш по серијата потреси на светските берзи предизвикани од рекордниот надворешен долг на Грција.
Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција и можноста таа да се префрли во Шпанија и Португалија.
Меѓународните инвеститори стравуваат од расцеп во еврозоната. Шпанските банкари ги смируваат – споредбата на Грција со Шпанија е како да се споредуваат „Реал Мадрид“ и некој мал, второлигашки фудбалски клуб.
{loadposition content9}