Иако продажбата на часовникот на Apple се најавуваше најрано за април годинава, се чини дека тоа можеме да го очекуваме порано и дека тоа ќе се случи еден месец пред очекуваното. Од Apple се пратени поканите до медиумите за 9 март за конференцијата која ќе се одржи во Сан Франциско, а иако не објавиле никакви детали за производите кои ќе бидат претставени на неа, скоро е сигурно дека нагласокот ќе биде на нивниот паметен часовник. AppleWatch прв пат е виден во септември минатата година кога конечно се објави дизајнот на овој уред а воедно се дознаа и некои од опциите и цената на почетниот модел која ќе изнесува 349 долари, но сега се очекува претставување на нови опции, а многумина ги интересира и времетраењето на батеријата.
Имено, токму батеријата на нивниот часовник би можела да биде најголемиот проблем бидејќи наводно ќе може да издржи од 3 до 5 часа при интензивно користење така што некои корисници ќе мораат да ја полнат и два пати дневно. Овој (потенцијален) недостаток ќе се обидат да го искористат други компании па така Asus неодамна најави дека работат на нова верзија на својот ZenWatch чија батерија би требало да издржи до седум дена, а токму нагласокот на батеријата е адутот на другите компании.
Освен часовникот, се очекува, Apple да ја искористи конференцијата и за претставување на уште некој уред па така на Cnet предвидуваат дека токму на 9 март на јавноста ќе и биде прикажан и толку спомнуваниот iPadPro.Станува збор за нова верзија на нивниот таблет со екран со дијагонала од 12,9 инчи и се очекува дека ваков уред ќе привлече бизнис корисници.
Исто така, еден од потенцијалните производи за кој долго време кружат шпекулации е новиот модел на MacBook Air со екран околу 12 инчи, но кој би требало да има мала рамка па така големината би била слична на актуелниот 11 инчен модел.
Се нагаѓа дека Cook би можел да прикаже и нови модели на iPod и новата верзија на Apple TV, но официјални информации од Apple, се разбира, нема.
{loadposition content9}