Ако се лета со авионите на следните компании мали се шансите дека нешто лошо може да се доживее. Сепак, секоја медаља има две страни, па така објавена е листа и на оние кои минатата година биле најлоши.
AirlineRatings.com објави годинешна листа на најбезбедни авио-компании на светот. Од 407 разни авио-компании кои биле вклучени во истражувањето, првото место како најдобра го завзеде австралиската компанија Qantas, а зад неа се Alaska Airlines и All Nippon Airlines.
На компаниите за безбедност им се доделувани од 1 до 7 ѕвездички, а дури 148 компании добиле максимални 7 ѕвездички за безбедност. Од друга страна загрижува и фактот дека дури 50 компании добиле 3 или помалку ѕвездички во истата категорија.
При оценувањето земени биле неколку фактори, како што се бројот на авионски несреќи, казнувањата на екипажите поради односот со патниците и други слични фактори.
Што се однесува за најлошите, на оваа неславна листа се нашле Batik Air, Bluewing Airlines, Citilink…
Ова се најбезбедните 20 авио-компании распоредени по азбучен ред:
- Air New Zealand
- Alaska Airlines
- All Nippon Airlines (ANA)
- American Airlines
- Cathay Pacific Airways
- Emirates
- Etihad Airways
- EVA Air
- Finnair
- Hawaiian Airlines
- Japan Airlines
- KLM
- Lufthansa
- Qantas
- Scandinavian Airline System
- Singapore Airlines
- Swiss
- United Airlines
- Virgin Atlantic
- Virgin Australia