Најбогатиот Хрват станува крал на маслото за јадење во Србија
Брендовите Фриком, Дијамант, Мултивита…вработуваат 7.000 луѓе
Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, по купувањето на Дијамант од Зрењанин, купува уште една фабрика за масло за јадење во Србија. Најбогатиот хрватски бизнисмен, кој во Србија е сопственик на шест компании, сака да ја превземе и компанијата Викторијаоил, фабрика за масло за јадење од Шид која е присутна со брендот Искон.
Тодориќ на српскиот пазар на масло за јадење влезе во 2004 година со купување на фабриката во Зрењанин која со години држи една третина од пазарот, а сега Тодориќ со купување на Викторијаоил сака маслото Искон да го користи како суровина за производство на марката К плус.
Цената на трансакцијата не е позната бидејќи Викторијаоил не е застапена на белградската берза, па тешко е да се одговори која е пазарната вредност на компанијата.
Од Агрокор ја потврдиле заинтересираноста за оваа компанија која годишно преработува скоро 220.000 тони сончоглед и повеќе од 85.000 тони соја, а има 300 вработени.
Да потесетиме, Агрокор во Србија вработува 7.000 лица низ брендовите Фриком, Дијамант, Мултивита, Мивела,…
{loadposition content9}


