Најдена дрога во кралската фамилија
Англиската кралицата Елизабета во шок
Настан кој никој не го очекувал се случил во дворот на кралската фамилија. Имено, петгодишниот тркачки коњ Estimate, кој го освои Gold Cup на натпреварувањето Royal Ascot за минатата година, а го тренира Sir Michael Stoute наводно имал позитивен тест на дрога.
Дрогата наводно се наоѓала во сточната храна, а кралицта Елизабета веднаш била известена за резултатите од ждребицата.
“British Horseracing Authority известиле дека примерокот е добиен веднаш по трката и содржел висок процент на морфин, кој е забранет на денот на трката”, рекол John Warren, советнокот за трки на кралицата.
Но, Estimate не е единствен коњ со позитивен тест. Наводно уште пет други коњи од различни сопственици биле заразени со ист вид на храна, пишува BBC.
Победата на Estimate на трката и донел на кралицата титула на прва кралица која го освоила Gold Cup и награда во вредност од 155.960 фунти.
{loadposition content9}


