Најдобро платена жена во светот на музиката во 2014 годиина со заработка од 115 милиони долари е американската R&B пејачка Beyonce, а тоа е двојно повеќе од она што го заработила минатата година, објавил магазинот Forbes.
Овој огромен износ, од кој повеќето го заработила по турнеи, ја подобри позицијата на Beyonce која беше на четврто место и ја стави далеку пред поп-ѕвездата Taylor Swift и нејзините 64 милиони долари која пак скокна за едно место погоре во однос на минатата година и сега е на второто место. На третото место се искачи Pink со заработени 52 милиони долари.
“Beyonce изведе 95 претстави во периодот кога се бележат резултатите, носејќи ѝ просечно по 2,4 милион долари по град во кој настапувала”, пишува Forbes наведувајќи податоци од магазинот Pollstar.
Минатогодишната број еден по заработка, Madonna, во 2014 година не успеа да влезе ниту во првите десет.
{loadposition content9}