Наjголeмата закана за Израел е Иран, стравува Нетанјаху
Иран, снабден со нуклеарно оружје, ќе биде најголемата закана за Израел, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
| Крсте Голабовски | Свет
Бенјамин Нетанјаху
Иран, снабден со нуклеарно оружје, ќе биде најголемата закана за Израел, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Најголемата закана за Израел, Блискиот исток и целиот свет, е поврзувањето меѓу нуклеарното оружје и радикалниот ислам, истакна Нетанјаху во говорот за надворешната политика на Израел во универзитетот Бар Илан, крај Тел Авив.
Израелскиот премиер посочи дека при следните патувања особено ќе се заложи за создавање меѓународна коалиција против нуклеарното вооружување на Иран.
Нетанјаху ова го истакна откако заколнатиот непријател на Израел, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад беше реизбран на претседателските избори.
{loadposition content9}