Skip to main content

Најголемата брана во светот пред распукување

Опасноста од распукување на браната е огромна и се заканува на 1,5 милиони луѓе

 |  инфодеск  | 

Најголемата брана на светот се наоѓа на 50 километри од Мосул, а опасноста од нејзино распукување е огромна.

Ако распука браната кај Мосул тоа би било права катастрофа за најмалку 1,5 милиони луѓе, предупредуваат од американската администрација. Опасноста од распукување на браната е огромна.

Цунамите би убиле илјадници луѓе за неколку часа, а една третина од Ирак би завршил под вода со висина од 13 метри и тоа би траело со недели, слично како што се случи со Њу Орлеанс по ураганот Катрина. Ирачката влада не би била во можност да спроведе евакуација бидејќи Исламска држава контролира големо подрачје кај браната па луѓето би морале да се снаоѓаат сами како знаат и умеат.

Браната на Тигар е изградена во 1984 година низводно од Мосул и е најголема брана на светот. Доколку би се распукала би го потопила и Багдад кој се наоѓа 400 километри јужно. Со долгогодишните војни и нестабилност браната е запуштена и се наоѓа на нестабилно и трусно подрачје. Ирачката влада се обиде да преговара со странските компании кои имаат договор за одржување, но поради војната и Исламската држава таа работа никој не сака да ја работи, пишува Telegraph.