Skip to main content

Трговски ограничувања поради страв од H5N1

Најголемиот извозник на пилешко погоден од птичји грип

Од Бразил се извезуваат живина и производи од нив во повеќе од 130 земји, што ги отежнува можните преговори за извоз на вакцинирана живина и производи од нив.
 |  инфодеск  | 
pileshko

Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните во траење од 180 дена. Одлуката следуваше по откривање на високопатогениот вирус на птичји грип кај дивите птици во земјата.

Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5N1 не доведува до забрана за трговија. Но, појавата на болест на фарма обично резултира со убивање птиците и може да предизвика трговски ограничувања од земјите увозници.

Минатата година во живинарскиот сектор имале промет од 9,7 милијарди долари. Досега се потврдени осум случаи на вирусот H5N1 кај дивите птици. Најголем дел од производството е во јужните региони кои не се погодени, но владата е во состојба на готовност.

Веста влијаеше и на акциите на бразилската компанија BRF SA, најголемиот светски извозник на пилешко. Пред владината објава тие пораснале за 3,6 отсто, а еден ден по него завршиле со пад од 0,5 отсто.

Вакцинацијата на живината неизбежно ќе доведе до трговски ограничувања и затоа оваа земја не ја поддржува оваа превентивна мерка, пишува Ecomic Times.  Извозот би бил загрозен доколку вирусот зарази комерцијални јата.

Од Бразил се извезуваат живина и производи од нив во повеќе од 130 земји, што ги отежнува можните преговори за извоз на вакцинирана живина и производи од нив.