Гумата за џвакање на многумина стана дел од секојдневниот живот, но иако таа го поттикнува производството на плунка која ја чисти усната шуплина и притоа го освежува здивот, оваа навика има и негативни страни.
-Надуеност и проблеми со варењето – За време на џвакањето на гумата за џвакање проголтувате и до три пати повеќе воздух. Тој воздух останува во вашиот систем на варење и може да предизвика грчеви, гасови, а со самото тоа и надуеност. Исто така, џвакањето ја поттикнува желудочната киселина која може да доведе и до воспаление.
-Бактерии – За време на џвакањето често ја отвораме устата, а многумина оваа забавна навика ја растегнуваат со прстите или прават балончиња. На тој начин во усната шуплина се внесува голем број на бактерии, но и вируси кои можат да предизвикаат здравствени тегоби.
-Дебелеење – Истражувањата покажале дека џвакањето на гума за џвакање ја поттикнува желбата по нездрава храна. Имено, вкусот на ментол, овошје и други вкусови на гумата за џвакање го чини вкусот безвкусен а со тоа се зголемува желбата по солена храна и масни грицкалки. Исто така, џвакањето го отвора апетитот поради што брзо ќе се почувствува глад и посегнување по непотребни калории.
{loadposition content9}