Најмалку 16 лица загинаа во снежната бура во централниот дел на САД
Најмалку 16 луѓе загинаа во снежната бура, кој го зафати централниот дел на САД и бавно се движи кон североисточниот дел на земјата.
Најмалку 16 луѓе загинаа во снежната бура, кој го зафати централниот дел на САД и бавно се движи кон североисточниот дел на земјата.
Властите соопштија за 40 сантиметри снежна покривка во Демоин, државата Ајова, и 48 сантиметри јужно од градот Мадисон, во државата Висконсин. Силните ветрови со брзина од 80 километри на час на одделни места натрупаа снежни насипи со височина меѓу 2,5 и 4,5 метри.
Во невремето загинаа најмалку 16 лица, од кои повеќето во сообраќајни несреќи. Стотици училишта беа затворени, илјадници луѓе останаа без електрична енергија од Мисури до Њујорк, а стотици авионски летови се откажани.
Во државата Ајова стотици автомобили биле блокирани од снегот и морале со часови да чекаат помош од Националната гарда. Во Висконсин е прогласена вонредна состојба.
Во западниот дел на Канада температурите паднале до 38 степени под нулата.
{loadposition content9}