Најмалку 31 жртва од поплавите во Турција
Најмалку 31 лице загина во катастрофалните поплави предизвикани од поројните дождови во северозападниот дел на Турција, јавуваат турските медиуми.
| Крсте Голабовски | Свет
поплави
Најмалку 31 лице загина во катастрофалните поплави предизвикани од поројните дождови во северозападниот дел на Турција, јавуваат турските медиуми.
Според истите извори, 26 души загинаа во Истанбул, а петмина во соседната провинција Текирдаг. Меѓу жртвите во Истанбул се и седум текстилни работнички, кои останале блокирани во нивниот минибус.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вети финансиска помош на семејствата на настраданите во поплавите.
{loadposition content9}