Skip to main content

Најмалку 10 жртви при удар на цунами по земјотресот на архипелагот Самоа

Најмалку 10 лица загинаа при удар на брановите цунами, кои се појавија како последица на силниот земјотрес што го зафати американскиот архипелаг Самоа, во Тихиот океан.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Најмалку 10 лица загинаа при удар на брановите цунами, кои се појавија како последица на силниот земјотрес што го зафати американскиот архипелаг Самоа, во Тихиот океан.

logoЗемјотресот е регистриран со интензитет од 8,3 степени, објави Центарот за предупредување за бранови цунами за западното крајбрежје на САД и Аљаска.

Цунамито, освен што ги опустоши островите Самоа, ги зафати и бреговите на тихоокеанската држава Тонга.
Најмногу е погоден островот Ниватопутапу, кој граничи со Самоа.

Во Самоа бројот на жртвите изнесува најмалку 100, а во Американска Самоа 19. Бројот на загинатите и оние кои се водат за исчезнати продолжува да се утврдува.

Височината на брановите цунами, предизвикани од земјотресот, достигнала 4,5 метри.
Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Американска Самиоа и побара итно доделување федерална помош за загрозениот регион.

{loadposition content9}