Најмалку девет убиени во оружениот инцидент во финското училиште
Според најновите информации, најмалку девет лица се убиени во денешната престрелка во училиште во финскиот град Каухајоки. Претходно беше јавено дека полицијата го фатила и разоружала напаѓачот.
| Крсте Голабовски | Свет
uciliste Finska
Според најновите информации, најмалку девет лица се убиени во денешната престрелка во училиште во финскиот град Каухајоки. Претходно беше јавено дека полицијата го фатила и разоружала напаѓачот.
Засега нема официјални информации за бројот на настраданите, меѓутоа се стравува дека бројката на загинати може да биде многу поголема.
Американската телевизија Си-Ен-Ен јавува дека напаѓачот се обидел да се самоубие, но не успеал. Неколку луѓе се ранети, но точниот број не се знае.
Според наводите на финската телевизија YLE, полицијата соопштила дека до пукање дошло во едно училиште во градот Каухајоки, во западниот дел на земјата.
Вработен во одржувањето на училишната зграда Јука Форбсберг изјави дека неколку лица се повредени. Тој додаде дека видел маж со скијачка маска како влегол во училиштето, а со себе носел голема торба. Потоа слушнал истрели.
Финска уште се сеќава на страотниот масакр од ноември минатата година, кога во едно училиште во градот Тусула беа убиени осум луѓе. Оваа земја спаѓа во групата земји со највисок процент на жители што поседуваат сопствено оружје.