Skip to main content

Регион анкана

Најмалку седум загинати во поплави во Италија

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“, а околу 400 мм дожд паднале во рок од два до три часа, што донело големи проблеми на улиците во неколку градови, пренесува „Ројтерс“.
 |  инфодеск  | 
Поплави во Италија

Најмалку седум лица загинаа, а има и исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија Италија, по поројните дождови. Меѓу исчезнатите е и мало дете во градот Барбара.

Како што пренесува „Ла стампа“, детето било со својата мајка во автомобил кој се заглавил во водата. Мајката успеала да излезе од возилото со детето во раце, но во еден момент го изгубила. Спасувачите успеале да стигнат до неа и да ја спасат во текот на ноќта, но од детето немало трага.

Десетици возила се однесени од поројните дождови што го погодија италијанскиот регион Марке, објавија италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“, а околу 400 мм дожд паднале во рок од два до три часа, што донело големи проблеми на улиците во неколку градови, пренесува „Ројтерс“.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат луѓе до половината во вода, додека возилата беа поплавени околу нив.

На снимката објавена од пожарникарите се гледа како спасувачите на улиците се обидуваат да спасат луѓе и да ги евакуираат, додека други се обидуваат да го исчистат хаосот предизвикан од поплавите.

Спасувачите сè уште трагаат по преживеани, соопштија властите.