Skip to main content

Најмлада милијардерка на светот

Толку е мистериозна што медиумите немале нејзина фотографија

 |  инфодеск  | 

Мистериозната 24 годишна девојка од Хонг Конг неодамна ја понесе титулата за најмлада милијардерка на светот, спрема податоците на Forbes, надминувајќи го на скалата 29 годишниот соосновач на Facebook Dustin Moskovitz.

Богаташката била толку мистериозна што Forbes, и други како нив, не успеале да пронајдат нејзина фотографија. Меѓутоа, како што пишува Business Insider, јавните податоци откриваат дека нејзиното име е Perenna Kei.

За разлика од Mozkovitz и слични млади богаташи на листата на Forbes, богатството на Kei е наследено. Нејзиниот татко Ji Haipeng е претседател и извршен директор на компанијата Logan Property Holding, во која Kei моментално има една од директорските позиции. Компанијата се занимава со недвижнини и има експозитури во Кина. Нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди долари.

Некои извори тврдат дека Kei дипломирала економија и финансии на лондонскиот универзитет, а се образувала во Сингапур.

Имено, нејзиното богатство се зголемило откако се објавиле акциите на Logan Property на берзата во ХонгКонг. Компанијата на иницијалното појавување заработила околу 190 милиони долари, покажуваат податоците на аналитичката компанија Wealth-X.

Kei е една од 42 нови милијардерки на листата на Forbes.

{loadposition content9}