Спрема спроведеното истражување, 85% од анкетираните рекле дека пијат најмалку три шољи кафе дневно, а 70% рекле дека нивните работни способности се намалени без редовната доза на кафе.
“Најверојатно пиењето кафе е потреба на луѓето во многу професии. Најголемите потрошувачи, кои пијат повеќе од 4 шољи кафе дневно, се оние кои имаат стресни професии, односно новинарите, кои пијат најмногу, следуваат полицајците и наставниците во училиштата”, се наведува во истражувањето која го спровела медиумската куќа Presat, а пренесува Guardian.
Љубителите на кафе сепак треба да го прочитаат минатогодишното истражување на Универзитетот од Јужна Каролина, кое покажало дека дневната доза на кофеин не би требала да надмине 200 милиграми, односно две големи шољи или четири мали шољи кафе.
Спрема истражувањето, професионалците покажале големо непознавање за штетното делување на поголема количина испиено кафе, па така 62% од испитаниците рекле дека не знаат кои се здравствените ризици кое го носи претераното уживање во кафето.
На листата на најголеми пијачи на кафе во Британија се новинарите и вработените во медиумите па потоа следат полицајците, наставниците, медицинскиот персонал, а дури по нив следат менаџерите во компаниите, работниците во мобилните оператори, работниците во малопродажбата, и на крај возачите.
{loadposition content9}