Најпопуларната апликација за допишување, WhatsApp неодамна овозможи бесплатни повици за своите корисници по пат на интернет, но компанијата која стои зад популарната апликација одлучи на своите корисници да им овозможи уште поевтини повици.
Имено, повиците ќе трошат помалку податоци за пренос на интернет, т.е. најновата верзија на WhatsApp, која ќе се појави наскоро, ќе донесе подобра оптимизација на повиците, што значи дека ќе троши помалку мегабајти.
Ова е одлична можност за корисниците кои имаат ограничена количина на пренос на податоци преку интернет.
Исто така, новата функција ќе овозможува нормални повици во подрачја каде има поспора интернет конекција.
Оваа опција за почеток ќе биде достапна само за Android корисници, а се очекува дека ќе се прошири и на останатите мобилни оперативни системи.