Најстрашниот сериски убиец во историјата
Раководителката на една бразилска болница била обвинета за смртта на најмалку седум, а постои сомнежот и дека е виновна за смртта на околу 300 пациенти, на кои, со помош на останатиот медицински персонал, ги исклучувала апаратите за кислород.

Светот веројатно ќе заборави на Џек Трбосјек, Тед Бундиј и сите останати познати сериски убијци затоа што, според информациите кои што пристигнуваат од Бразил, сите тие би можеле да останат во сенката на докторка која, засега се товари за убиството на седум свои пациенти, а под истрага е за смртта на уште најмалку 300 лица.
Раководителката на болницата во градот Цуритиби, Цирџинија Соарез де Соуза, според обвинението, на тешко болните пациенти приклучени на апарати за дишење, им го прекинувала доводот на кислород или пак во крвта им вбризгувала смртоносни дози од лекарствата за опуштање на мускулите. Нејзините мотиви засега остануваат нејасни.
{loadposition content9}