Спартанци – Спартанската фамилија во многу се разликувала од останатите фамилии во времето на античка Грција. Децата повеќе биле во посед на државата отколку на фамилијата. Биле одгледувани да станат војници, лојални на државата, јаки и дисциплинирани.Доволно говори фактот дека секој возрасен Спартанец бил војник. Сите останати работи ги работеле робовите кои биле донесени по враќањето од боиштата. Тие се бореле се до пензионирањето кога навршувале 60 години. Ако Спартанецот не загинел во борба, тој не заслужувал споменик. Таа привилегија ја имале само хероите кои загинале во борба во која тие биле победници.Ако некој војник го загубел штитот за време на борба, бил казнуван со смрт. Правиот војник би се вратил по штитот или би загинал при обидот.
Маври – Маврите се староседелци на Нов Зеланд, а се до 18 век биле познати по тоа дека буквално го јаделе секој непоканет гостин на островот. Верувале дека ако го изедат месото од противникот ќе ја добиеле неговата моќ и мудрост. Кон крајот на 1808 година тогашниот поглавар го изгубил својот син во една борба. За освета наредната година нападнале брод кој се приближил кон брегот на островот и само тројца од 66 патници преживеале бидејќи успеале да се скријат во внатрешноста на бродот, но и тие биле згрозени од глетката како Маврите буквално ги дерат нивните сопатници.
Викинзи – Овие истражувачи ги отпловиле сите делови од Европа, Азија и северниот Атлантик, и насекаде сееле страв. Не постоел Викинг кој одбивал борба или прилика да се бори против некого. А тие борби биле крволочни – не се воздржувале да го убијат својот противник пред никого. Изразито јаки и големи, Викинзите својата надмоќ ја покажувале во борби каде биле многу вешти со оружје. Тие најверојатно биле единствена цивилизација на светот која верувала дека нивната единствена суштина на постоење е да војуваат. Уништувале буквално се пред себе.
Апачи – Познати се по својата храброст во борбите и биле своеврсни нинџи во Америка. Воопшто не биле како другите племиња и не ја давале својата земја без борба. Познати биле и по правење на оружје од дрво и камен. Се прикривале за да на противниците им дојдат од зад грб и буквално да им го пресечат гркланот. Тие биле најдобри фрлачи на ножеви а поприлично добри и во фрлање секири. Го тероризирале југозападот на САД, а британските војници и сите доселеници многу се плашеле од средба со нив.
Римјани – Римајаните биле познати по својата суровост и бруталност која ја имале спрема робовите.Не бирале начини со кои им наштетувале на своите противници и покажувале на покорените народи дека се надмоќни. Први кои настрадале од нив биле христијаните кои морале да се кријат во катакомби за да избегнат сигурна смрт.
Нацисти – За нив не треба многу да се пишува, дури и не можат да се наречат цивилизација, но поради хоророт кои го направиле треба да се спомнат. Иако овде се работи за болест на еден човек на кој му верувале многу луѓе, ужасот кој е направен од нивна страна е незамислив и незапамтен во историјата на човештвото. Плински комори, стрелања, бесења, изгладнувања се само некои од методите со кои се обиделе да ги истребат Евреите, Ромите и сите кои не се сметале за ариевска раса.
Комунисти – Комунизмот е виновен за смртта на милиони луѓе ширум светот. Ако се повлече паралела, поради комунизмот умреле многу повеќе луѓе отколку од нацизмот. Сталин, Мао Цетунг, Пол Пот и други, виновни се за смрт на милиони луѓе ширум светот. Но, од нив, Сталин и Советскиот Сојуз се виновни за смрт на околу 60 милиони луѓе. Дури, и ако го поддржувале Сталин и неговата политика сепак луѓето не биле сигурни за себе и за својата фамилија.