Највисока градба во светот
Почна да се гради највисоката зграда на светот

Вчера започна изградбата на најголемата зграда во светот која ќе ја пробие границата од еден километар. Таа се гради во Џедаха во Саудиска Арабија под името Kingdom Tower а буџетот за изградба изнесува 1,23 милијарди долари. Зградата ќе биде 173 метри повисока од сегашната највисока зграда во светот Burj Khalifa во Дубаи, а отворањето е закажано за 2019 година.
За напомена, разликата во висина од 173 метри е висината на една зграда од 53 спрата.
Кулата ќе биде комбинација од станбен и деловен простор, во која исто така ќе се сместени хотел, канцеларии и голем број на ресторани.
{loadposition content9}







