Германскиот весник “Hamburger morgenpost” кој ги објави карикатурите на пророкот Мухамед од францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo рано утрото бил мета на напад, објавила полицијата, а јавува Deutsche Welle.
Низ прозорецот од редакцијата се фрлени камења и запаливи предмети, а во нападот не е повреден никој.
Во пожарот се оштетени две простории на пониските катови и изгорел голем дел од архивата на весникот. Полицијата објавила дека две лица се осомничени за нападот и истите се уапсени.
“Hamburger morgenpost” објави на насловната страница три карикатури од Charlie Hebdo, под наслов “Оваа голема слобода би можела да е веројатна”.
Полицијата вели дека е прерано со сигурност да се тврди дека нападот е поврзан со објавените карикатури.
{loadposition content9}