Напад на редакција на германски весник
Постои веројатност за поврзаност со терористичкиот акт врз Charlie Hebdo

Германскиот весник “Hamburger morgenpost” кој ги објави карикатурите на пророкот Мухамед од францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo рано утрото бил мета на напад, објавила полицијата, а јавува Deutsche Welle.
Низ прозорецот од редакцијата се фрлени камења и запаливи предмети, а во нападот не е повреден никој.
Во пожарот се оштетени две простории на пониските катови и изгорел голем дел од архивата на весникот. Полицијата објавила дека две лица се осомничени за нападот и истите се уапсени.
“Hamburger morgenpost” објави на насловната страница три карикатури од Charlie Hebdo, под наслов “Оваа голема слобода би можела да е веројатна”.
Полицијата вели дека е прерано со сигурност да се тврди дека нападот е поврзан со објавените карикатури.
{loadposition content9}




