Skip to main content

Напнато во Турција – турските сили ја опколиле воената база Инџирлик

Влезот во НАТО базата во близина на градот Адана е затворен

 |  инфодеск  | 

Околу 7.000 интервентни полицајци во камиони и оклопни возила ноќта помеѓу сабота и недела ја опколија воздушната база на НАТО Инџирлик во југоисточна Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Омер Челик рекол дека станува збор за “безбедносна проверка”, но без образложение за каква и зошто токму сега.

Истовремено се појавија шпекулации за нов обид за воен удар. Имено, турскиот дневен весник Хуриет порано извести дека полицијата во Адана добила дојава за нов обид за воен удар и нивните сили веднаш биле алармирани.

Влезот во НАТО базата во близина на градот Адана е затворен. На фотографиите од сведоци околу базата јасно се гледаат вооружени полицајци и оклопни возила.

“Ова е безбедносна проверка. Ништо лошо не се случува”, напишал на Твитер Омер Челик од Адана.

Приврзаниците на претседателот Ердоган во четвртокот одржаа протест за затворање на базата  со пароли против САД во кои ги обвинуваат дека стојат зад воениот удар на 15 јули во кој беа убиени 270 лица. Истовремено, Турција од САД бара екстрадиција на Фејтулах Ѓулен, за кој Ердоган тврди дека стои на чело на воениот удар, пишува RT.