Црниот и р’жениот леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје и водат сметка за правилна исхрана. Таквиот леб би требало да се призведува во поголем дел од цело пченично или р’жано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи.
Тајната на црниот леб е неговото богатство од влакна, витамини В и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Тој и во мали количини дава чувство на ситост па затоа се препорачува како предјадење за отфрлање на нервозата поради глад.
Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот и може да стои подолго време а да не се стврдне. Корисно е да се знае дека црниот леб содржи многу помалку лош холестерол во однос на белиот, па се препорачува на срцевите заболени. Освен тоа, влакната придонесуваат за ниско ниво на шеќер во крвта, така што овој производ е ценет и од страна на дијабетичарите.
При купување важно е дали црниот леб е навистина црн, односно дали е произведен од цело зрно или е само додадена карамела за боја или нешто повеќе подмукло, што воопшто не треба да се наоѓа во лебот. Р’жан леб се смета оној кој содржи најмалку 30% р’жено брашно.
Како да препознаете вистински црн леб:
-Ставете во вода парче од средината на лебот. Ако лебот се избели, а водата потемни, тоа значи дека лебот е обоен.
-Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот.
-Црниот леб не може да биде прозрачен и еластичен.
-Средината на црниот леб има подлабоки пори и помал волумен.
-Црниот леб има поинаков мирис од белиот.
{loadposition content9}